wdt_ID | Општина | Вид на парафискална давачка | Основ по кој е утврдена давачката | Износ на давачка | Кој ја плаќа? | Кога ја плаќа? | Потребни документи |
---|---|---|---|---|---|---|---|
86 | Крива Паланка | Комунална такса за привремен престој | Закон за такса за привремен престој | 40 денари дневно за возрасни 10 денари за младинци, студенти и спортисти на подготовка | Физичко лице - корисник на услуга за ноќевање | При плаќање на услуга за ноќевање | |
87 | Крива Паланка | Комунална такса за истакнување на фирма, односно назив на деловна просторија | Закон за комунални такси Одлука на Општински Совет | Таксата се утврдува по видови дејности: - 2200 денари за фирма на физички лица кои вршат дејност - 550 денари за фирма на физички лица кои вршат дејност а данокот го плаќаат паушално - 6600 денари за фирма на трговски друштва и други правни лица од областа на производство, промет и услуги - 3300 денари за деловни простории на правни лица од комуналните дејности, деловни простории на трговски друштва и други правни лица, како и откупни пунктови кои дејствуваат повремено. | Физичко лице - вршител на дејност Правно лице | По достава на решение за наплата од страна на Општината | Барање за истакнување фирма, односно назив на деловна просторија |
88 | Крива Паланка | Комунална такса за користење на улици со патнички, товарни, моторни возила, автобуси, специјални возила и моторцикли | Закон за комунални такси | Различни износи според вид на возило: - 70 денари за патнички возила до 1000 кубици - 100 денари за патнички возила од 1000 до 1300 кубици - 130 денари за патнички возила од 1300 до 1500 кубици - 400 денари за патнички возила од 1500 до 1800 кубици - 600 денари за патнички возила над 1800 кубици - 130 денари по тон носивост за товарни возила - 700 денари за автобуси и други возила што служат за превоз на патници - 70 денари за специјални возила - 70 денари за сите видови мотоцикли | Сите физички и правни лица | При регистрација на возила и моторцикли | |
89 | Крива Паланка | Комунална такса за користење на просторот за паркирање на моторни возила | Закон за комунални такси Одлука на Општински Совет | 10 до 20% од цената на наплатената услуга за користење на просторот за паркирање | Сите физички и правни лица | При користење паркинг простор | |
90 | Крива Паланка | Надомест за уредување на градежно земјиште | Закон за градежно земјиште Програма на Општина Крива Паланка за уредување градежно земјиште | Висината на надоместокот за уредено градежно земјиште зависи од степен на уреденост на ГРЗ со објекти на комуналната инфраструктура | Сите физички и правни лица | По издавање на одобрение од страна на општината | Апликација за издавање дозвола за уредување градежно земјиште |
91 | Крива Паланка | Надомест кој го плаќаат операторите на инсталациите со б-интегрирана еколошка дозвола на општините, односно градот Скопје | Закон за животна средина Уредба за висина на надоместок кој го плаќаат операторите на инсталациите кои вршат активности за кои се издава Б- инегрирана еколошка дозвола | Определувањето на висината на надоместокот се врши врз основа на бројот на местата на инсталацијата од кои се испуштаат емисии во животната средина, бројот на задолжителните услови и мерки утврдени во дозволата, видот и големината на емисиите во животната средина, како и врз основа на површината што ја зафаќа инсталацијата. Висината на надоместокот, утврден за секој индустриски сектор одделно, не може да биде помалку од 300 денари ни повеќе од 3.000 денари по број, вид, големина и површина по хектар. | Правно лице | По издавање на одобрение од страна на општината | Барање за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола Барање за измена или пренос на Б-интегрирана еколошка дозвола |
92 | Крива Паланка | Административни такси кои се плаќаат за списите и дејствијата кај органите на општината | Закон за административни такси | различни износи за различни потреби според Тарифникот од законот за административни такси | Сите физички и правни лица кои бараат акти и документи изработени од општинската администрација | При поднесување барање за акти и документи изработени од општинската администрација | |
93 | Крива Паланка | 2% од наплатените премии за осигурување на моторни возила (каско) и осигурување од одговорност од употреба на моторните возила | Закон за супервизија на осигурување | 2% од наплатените премии за осигурување | Сите физички и правни лица | При осигурување на возила |
Извор: Податоци дадени од Општина Крива Паланка во периодот февруари-април 2022 година.