Skip to content

Мотив

ФИСКАСТ е мрежа на граѓански организации, економски експерти и новинари која има за цел да придонесе за потранспарентни, отчетни, одржливи, ефективни и ефикасни политики за трошење на јавните средства. Оваа цел ќе биде остварена преку економски истражувања, застапување за јавни политики, како и подобрено учество на засегнатите страни во буџетирањето и мониторирање на трошењето на јавните средства.

Мисија и визија

Мисија: Да ја зголемеме јавната свест за трошењето на јавните пари.
Визија: Да го подобриме трошењето на јавните пари, преку економски истражувања, застапување базирано на докази и учество на засегнатите страни во процесот на буџетирање и мониторирање на трошењето на јавните пари.

Програмски области

Мрежата ФИСКАСТ делува во следните програмски области:

  • Фискална транспарентност
  • Фискална одржливост
  • Ефикасност на трошењето на јавните средства
  • Партиципативно буџетирање
  • Јавен долг

Принципи и вредности на мрежата

Мрежата ФИСКАСТ се раководи според следните принципи и вредности:

  • Почит: членовите на мрежата ги почитуваат улогите и перспективите на сите членови.
  • Транспарентност: членовите на мрежата се јасни и отворени за целта и обемот на нивно вклучување во активностите на мрежата.
  • Одговорност: членовите на мрежата активно одговараат на барањата од другите членови вклучени во мрежата.
  • Квалитет: истражувањата на членовите на мрежата се со висок квалитет, без знаци на плагијаризам.
  • Кредибилитет и позитивен јавен имиџ: сите членови на мрежата уживаат доверба во јавноста, медиумите и носителите на политики.

Цел

  1. Да се подобри капацитетот на граѓанското општество и медиумите да придонесат за економскиот дијалог во земјата, врз основа на докази, овозможувајќи повеќе партиципативно и транспарентно креирање на политиките, со силен фокус врз фискалните политики;
  2. Да се зголеми свеста на јавноста за процесот на трошењето на јавните пари.

FINANCE THINK – Институт за економски истражувања и политики, АГОРА – Центар за промовирање граѓански вредности, КВАНТУМ ПРИМА – Здружение за економско-политички истражувања и анализи и ЛАГ АГРОЛИДЕР – Здружение за рурален развој, како членки на мрежата ФИСКАСТ го имплементираа проектот „Мрежа ФИСКАСТ: Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“ поддржан од Европска Унија, во чии рамки е изградена оваа веб платформа.